Мицкоски мистериозно воздржан за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Левица за Коцевски

Државниот обвинител Љупчо Коцевски ја добил поканата за собраниската расправа за негова интерпелација која е закажана за утре. Ќе одлучи дали ќе присуствува, ни одговорија од неговиот кабинет. За негова смена, засега се сигурни 6-те гласови од Левица која ја поднесе интерпелацијата.
Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека останува на ставот за Коцевски без прецизирање како најголемата пратеничка група ќе гласа за предлогот на опозициската Левица.
Владата веќе покрена иницијатива за разрешување на Коцевски, но таа застана откако се случи трагедијата во Кочани. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува попладнево како ќе се постави по иницијативата. ДУИ утре ќе одлучува на координација на пратеничката група a, СДСМ веќе се изјасни дека е против поради почнатата владина процедура за разрешување.
Гласовите ќе се знаат утре, а Левица ја поднесе интерпелацијата обвинувајќи го обвинителот дека спровел селективни истраги за Кочани, дека не ги истражува дивоградбите во Чаир и Скопје и е одговорен за функционален хаос во Вишото скопско обвинителство.

Пронајдете не на следниве мрежи: