Полицијата и по еден месец нема што да и каже на јавноста за заканувачот кон пратеничката Славјанка Петровска. И покрај тоа што моментот кога и се заканувало лицето е снимено, исто и неговиот автомобил од многуте камери околу зградите каде што живее пратеничката, а истите снимки полицијата веќе ги зеде сепак засега нема никаков ефект.
На прашање на А1он до каде е постапката и дали го идентификувале лицето, од СВР Скопје каде се надлежни за случајот одговорија дека не можат ништо да кажат зошто „предистражните дејствија се сметаат за тајна“.
На 1 јули, вечерта, пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, доживеа вербален напад и закани додека се наоѓала пред зградата каде што живее на булеварот Србија во Скопје. Од автомобил мерцедес со охридски регистарски таблички ѝ било упатена заканата: „Цаци, готова си“, по што лицето се повлекло. По еден месец од тогаш, полицијата сеуште нема одговори за јавноста.
…..А1Он


