На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

  Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извадена без знаци на живот од плажата Созополи, во општина Неа Пропонтида“.
Дополнително информираа дека во рамките на прелиминарната истрагата било наредено да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.
Според информациите на МИА, ова е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи за оваа сезона.
Во изминатите два месеци животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж во близина на Кавала.  
MIA

Пронајдете не на следниве мрежи: