По повод 18 Август, Денот на АРМ, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Како што информира АРМ, претходно, во 18.00 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун.
Почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот баталјон на Армијата на Македонија


