Тројцата првотимци на екипата на Барселона денес потпишаа продолжување на договорот со каталонскиот гигант.
Лионел Меси, Чави Ернандез и Карлс Пујол ја продолжија верноста кон тимот на Барселона.
Во официјалното соопштение на клубот стои дека Лионел Меси потпишал договор до 2018-тата година, додека Чави и Пујол потпишале договор до 2016-тата година.
На тој начин екипата на Барселона потврди дека со своите ѕвезди-предводници на тимот во наредниот период планира повторно атак на титулата во Шпанија и Европа.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: