четврток, 12 ноември 2026
Најново

Воздухот во Трубарево не е загаден со ПМ 10 честички, тврдат од Министерството за животна средина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството информира дека просечните концентрации на ПМ10 честички се во рамките на дозволените и не е евидентирано надминување на граничните вредности

Нема загадување на воздухот со ПМ 10 честички во селото Трубарево, каде што минатат недела се запали и изгоре склад за пластичен и електронски отпад. Според податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање мерењата во последните 24 часа покажале дека просечната концентрација на цврсти честички е 10.9 микрограми на кубен метар, а максималната измерена вредност во тој период била 25.6 микрограми.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Според добиените резултати, просечните концентрации на ПМ10 честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности. Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, а за мониторинг беше користен инструмент сертифициран за индикативни мерења“, посочуваат од МЖС.

Според информациите од Министерството, загадување со ПМ10 немаше ниту претходниот ден, кога автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, поставени на локацијата во трубарево покажаа просечна дневна концентрација на честички од 19.7 микрограми и максимална измерена вредност достигнала од 39 микрограми на кубен метар.

Поврзани вести