четврток, 12 ноември 2026
Најново

Три деца ограбиле кафеана во Скопје, едниот имал нож и тргнал во напад на двајца вработени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од МВР информираат дека се фатени тројца малолетници од Скопје веднаш по извршување разбојничка кражба.

-На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет.

Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Поврзани вести