четврток, 12 ноември 2026
Најново

Србија воведува задолжителен воен рок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, синоќа најави дека првата генерација ќе служи задолжителен воен рок почнувајќи од јануари. Тој истакна дека српската армија подготвила над 120 утврдени простории за таа намена.

– Процесот не е лесен ниту евтин – рече Гашиќ, додавајќи дека Министерството веднаш почнало со подготовка на сите законски и подзаконски акти потребни за да се овозможи ова да влезе во сила.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според плановите, на есенската сесија на Собранието во Србија ќе биде предложен нов пакет закони за армијата, вклучувајќи и закон за враќање на службата.

Гашиќ изјави дека се надева дека ќе започне и законот за војската и враќањето, односно некаде од јануари до март, „кога ќе започнеме со првата генерација војници.“

Поврзани вести