четврток, 12 ноември 2026
Најново

Градоначалникот на Кочне повторно си додели милионски тендери на неговиот братучед

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалникот Златко Ристов и неговиот прв братучед си прават милионски зделки на грбот на граѓаните, реагираат од локалниот огранок на СДСМ во Конче.

– Два договора, две потписи – истата фирма „Универзал Градба ДООЕЛ Струмица“, фирма зад која стои блискиот роднина на градоначалникот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Прв договор: 15.821.569 денари за канал во Ракитец.

Втор договор: 2.348.076 денари за канал во Дедино.

Вкупно: над 18 МИЛИОНИ ДЕНАРИ народни пари!

Додека граѓаните на Конче се оставени без вода за пиење, градоначалникот овластува вработени да се потпишаат на договори од МИЛИОНСКИ суми со негов братучед.

Дали е оваа класичен судир на интереси, злоупотреба на функција и фамилијарен криминал, прашуваат од СДСМ Конче.

Поврзани вести