Португалија официјално ја призна независноста на палестинската држава, објави денес министерот за надворешни работи на земјата, Пауло Рангел.
Португалија им се придружува на Велика Британија, Канада и Австралија, кои исто така денес официјално ја признаа независноста на Палестина.
„Признавањето на државата Палестина е исполнување на фундаментална, конзистентна и широко прифатена политика“, изјави Рангел за новинарите во Њујорк пред годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), која започнува утре.
Рангел додаде дека „Португалија се залага за решение со две држави како единствен пат кон праведен и траен мир, мир што промовира коегзистенција и мирни односи меѓу Израел и Палестина“.
Независноста на палестинската држава е поддржана од повеќе од 150 земји низ целиот свет.
Велика Британија официјално ја признаа палестинската држава



