„Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за нивно отстранување, Министерството за образование и наука информира дека е донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје“, соопшти МОН.
Нерегуларностите ги констатирала посебна комисија во рамки на МОН за вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за привремено запирање на работата на приватната висока школа е донесена и врз основа на мислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование.
На Факултетот за бизнис економија, велат од МОН, нема запишани нови студенти во академската 2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе ги исполни обврските предвидени во Законот за високо образование со цел овозможување непречена понатамошна едукација, односно префрлање на други факултети.
НАЈНОВО НА



