петок, 13 ноември 2026
Најново

Кремљ: Средбата Путин-Зеленски без подготовка е само публицитет осуден на неуспех

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски без сериозна подготовка е само публицитет осуден на неуспех, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Коментирајќи го предлогот на Путин Зеленски да се сретне во Москва, Песков им рече на руските медиуми: „Зошто не би дошол, ако е отворен за дијалог“.

Да потсетиме, Зеленски го отфрли предлогот, тврдејќи дека е подготвен за средба во кој било формат. Портпаролот на Кремљ додаде дека Киев предложил неприфатливи опции, како што се Швајцарија и Австрија, за средба меѓу Путин и Зеленски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Швајцарија и Австрија де факто веќе не се неутрални држави за Русија“, рече тој. Песков, исто така, истакна дека Киев не изразил желба да формира работни групи како дел од процесот на преговори.

Поврзани вести