На ден 24.09.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола и изгасен 1 пожар
АКТИВНИ: 4
1. Општина Македонски Брод: над с.Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат);
2. Општина Чучер Сандево: с.Малино и с.Танушевци (мешана шума).
3. Општина Липково: с.Гошинце (шума);
4. Општина Долнени: с.Ропотово (ниска вегетација).
ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина (букова шума);
2. Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума);
3. Општина Студеничани: с.Батинци (ниска вегетација и мешана шума);
4. Општина Делчево: Градска депонија Острец (ѓубре).
ИЗГАСНАТИ: 1
1. Општина Гостивар: нас.Циглана (Ѓубре);



