петок, 13 ноември 2026
Најново

Турскиот државјанин кој беше донесен во „Мајка Тереза“ со тешки повреди, паднал од висина додека работел на градежен објект во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61), за кој вчера (23.09.2025) околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ беше пријавено дека бил донесен со тешки телесни повреди од страна на едно лице со приватно возило, кое откако го оставило повредениот, заминало со возилото, а повредениот набргу починал.

Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности, пронајдено е возилото “хонда сивик” и Х.М., кој го донел повредениот во болницата. Извршени се службени разговори и обдукција во Институтот за судска медицина и утврдено е дека

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

починатиот турски државјанин додека работел на објект во изградба во населбата Стопански двор во Скопје, паднал од висина.

За настанот е известен Инспекторат за труд и јавен обвинител.

Поврзани вести