Попладнево во Прилеп избувна пожар во депонија, каде што гори ѓубриште на влезот во градот.
Според првичните информации од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), запалено е големо количество смет на дива депонија на влезот во градот, каде што, според жителите, со месеци се фрлало ѓубре.
Од ДЗС информираа дека на терен е распоредена Противпожарната единица Прилеп и интервенцијата е во тек. Засега нема информации за евентуална опасност за населението и објектите во близина.
Според информациите, депонијата сѐ уште гори, а пожарот се раширил и зема се поголем замав.
„Ставен е под делумна контрола, во еден дел е во карпест терен, нема загрозени населени места или објекти, има пожарникари на лице место, рано наутро кога горењето ќе биде најслабо ќе се продолжи со догаснување“ – изјави вечерва Стојанче Ангелов, директорот на ДЗС
(Видео) Повторно гори ѓубре, сега во Прилеп – градот е обвиен во чадот од големиот пожар




