петок, 13 ноември 2026
Најново

Од денес важат новите казни: 40 и 50 евра ако преминувате пешачки со телефон на уво или во рака

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од денес почнуваат да важат новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет веќе не е „ситница“, туку прекршок кој се плаќа.

Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Законот обврзува пешаците да се движат внимателно и без користење уреди кои го намалуваат вниманието при преминување коловоз или велосипедска патека.

Од Нова година ќе следуваат и уште поригорозни казни за возачите – за минување на црвено и непрописно паркирање, а контролата ќе се врши преку камерите од проектот „Сејф сити“.

Во повеќе европски земји ваквите правила одамна се воведени – во Франција казната за користење тротинет на тротоар е 135 евра, во Литванија пешак со телефон на пешачки плаќа до 40 евра, а во Данска и до 140 евра.

На Балканот, Македонија сега важи за една од земјите со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети.

Поврзани вести