петок, 13 ноември 2026
Најново

Ноќеска горело уште едно возило во Кисела Вода, во близина на детска градинка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ноќеска, во близина на Шампионче, веднаш до градинката Весели цветови – објект Мимоза, било опожарено уште едно возило – џип Ренџ Ровер, со словачки регистарски таблички.

Според жителите, вистинска паника се создала, бидејќи возилото било паркирано веднаш до/под самата зграда, а пламенот зафатил и надворешен дел од зградата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Станарите испаничени со ќебиња излегувале од домовите од страв пожарот да не ја зафати и зградата.

-Се се случи околу три часот наутро. Одеднаш се слушна пукотница, најверојатно предизвикана од пожарот по што се виде чад и пламен. Веднаш со сопругот и децата излеговме надвор, а многу кратко потоа дојде и полиција која ја евакуираше целата зграда- вели во изјава за Фактор, жителка на зградата.

Од МВР го потврдија инцидентот.

„На 25.09.2025 во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје, а било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, во тек е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат оттаму.

ИЗВОР: Фактор

Поврзани вести