понеделник, 30 ноември 2026
Најново

Костадинов: Србија е изложена на напади, признавањето на Косово од страна на Бугарија беше грешка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лидерот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, изјави дека партијата верува дека Косово е дел од Србија и дека признавањето на независноста на Косово од страна на Бугарија е голема грешка.

Костадинов за денешното издание на „Вечерни новости“ изјави дека историјата дала многу причини сите да бидат поделени на Балканскиот Полуостров и дека, доколку биле обединети, би станале сериозен фактор.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Во моментов, Бугарија е слаба држава, а Србија е изложена на секакви напади, сега во форма на обоена револуција што трае речиси една година. Секако би било добро да се размислува за заеднички стратегии бидејќи ако работиме одделно или едни против други, немаме иднина“, рече Костадинов.

Поврзани вести