*Фејсбук објава на пратеничката и кандидатка за градоначалничка на Струга од партијата Левица, Јована Мојсоска
Да ја ПОЧНЕМЕ официјално изборната кампања со уште една пријава против познатата дивоградба во центарот на Струга!
Минатата недела поднесов УРГЕНЦИЈА за итно постапување до МВР, ОЈО и овластениот градежен инспектор во општина Струга, затоа што и покрај констатирани неправилности во градење – дивоградбата во струшката чаршија си крена уште еден спрат. Па, во Струга се случува и тој феномен да се узурпира државно земјиште и незаконски да се гради среде бел ден, во центарот на градот, ама ниту МВР, ниту Обвинителство, ниту општината не можат да се справат со една дивоградба.
Оваа дивоградба (која е една од многуте) е олицетворение на комплетниот колапс и коруптивност на системот. И не е прашање на една изолирана инситуција која не постапува, туку се работи за комплетна спрега на непостапување на низа институции: јавното обвинителство во Струга, државните правобранители, општината, вишото јавно обвинителство, МВР итн.
Ова само ја потврдува тезата дека во Македонија во секоја сфера е метастазирана КОРУПЦИЈАТА и безаконието – а за тоа се виновни сите партии кои биле дел од власта досега.



