Две лица украле пари од паркомати на ЈП “Градски паркинг“ во текот на ноќта

Две непознати лица со употреба на сила отворале паркомати во неколку локации низ главниот град и одзеле пари. Ова во Секторот за внатрешни работи Скопје било денеска пријавено од страна на ЈП „Градски паркинг“.

Како што информираат од полицијата, во периодот од 04:03 до 05:50 часот биле насилно отворени паркомати во катната гаража „Разловечко востание“, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на булеварот Кочо Рацин, како и во Градскиот трговски центар.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.

Пронајдете не на следниве мрежи: