недела, 29 ноември 2026
Најново

Лишен од слобода кумановец кој неколку месеци следел и вознемирувал девојка од Куманово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„На 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово.“

На 09.04.2025 во СВР Куманово, девојката го пријави случајот, по што од страна на судија од Основен суд Куманово беше изречена мерка претпазливост за недоближување. Додека, по преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести