недела, 29 ноември 2026
Најново

Лекари од државните болници ќе се обучуваат во Австрија и Италија, најави Алиу

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека освен со Словенија, веќе преговараат и со Италија и со Австрија за да може да се обучи наш кадар.

– Тие ќе одат на краток престој таму и мораме паралално да работиме за да можеме да креираме инфраструктура и човечки капацитети. Исто така дигитализацијата ќе помага за да може нашите доктори, експерти кои живеат надвор од нашата држава да можат да бидат активни и да се вклучат во нашиот здравствен систем. Пак системот мислам дека ќе го реши еден од тие базични инфраструктуирни решенија за комуникација и надвор од државата, да бидат граѓаните и услужени, но и да бидеме сигурни дека податоците од нашите пациенти се во сигурни раце – изјави Алиу одговарајќи на новинарско прашање во општина Бутел, каде што беше најавена изградба на нова поликлиника во оваа општина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Одговорајќи на новинарско прашање кој ќе работи во новата поликлиника во општина Бутел бидејќи има недостиг на специјалисти во останатите поликлиники во Град Скопје, Алиу рече дека работат и веќе има работна група за национална стратегија за креирање човечки капацитети во здравството.

– Во моментов интензивно работиме на вработување на приватните специјализанти и медицински сестри и се надевам дека за брзо време по креирање доволно модерна инфраструктура ќе имаме можност тука да дојдеме и да имаме прес-конференција за екипирање на целата поликлиника со доктори и медицински сестри – рече Алиу.

Поврзани вести