недела, 29 ноември 2026
Најново

Ахмети бара од Курти да им се извини на Албанците затоа што „застанал на страната“ на Мицкоски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во интервју за „Еуроњуз Албанија“ изјавил дека позициите на Албанците во Македонија се деградираат поради нивната несоодветна застапеност во владата.

Тој го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека застанува на страната на премиерот Христијан Мицкоски, на, како што вели, штета на Албанците од Македонија и нивните права. Бара од Курти да им се „извини на албанската заедница“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Зошто Албин Курти застанува на страната на Мицкоски? Соработував со сите партии во Албанија и Косово и никогаш не сум застанал на нечија страна. Ни требаат добри односи со двете албански држави. Тој отворено застана на страната во поддршка на антиалбанската политика на Мицкоски. Две месеци медиумите во Македонија се занимаваат со Коридорот 8 и дека се гради во Голема Албанија“, рекол Ахмети во емисијата

Поврзани вести