недела, 29 ноември 2026
Најново

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, се соочуваат со затворска казна од три месеци до три години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тројцата обвинети за предизвикување пожар на дивата депонија Вардариште на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје признаа вина за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпад.

Обвинетите Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, како што пренесе телевизијата Телма, пред Судот изразиле каење за стореното, наведувајќи дека во иднина нема да го повторат делото.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тие, исто така, изразиле подготвеност да соработуваат со надлежните за целосно отстранување на отпадот од дивата депонија.

Судот, од своја страна, го констатирал признанието вина, додека од Обвинителството побарале Кривичен да изрече соодветна казна.

Инаку, за делото кое им се става на товар на обвинетите е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Основното јавно обвинителство Скопје на 11 септември поднесе обвинение против трите лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад. Тиe, согласно обезбедените докази, на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје од 2020 година вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без да регистрираат правно лице и без дозвола за управување со отпад, со што создале диви депонии на дел од локацијата во Вардариште, каде на 9 јули годинава настана неконтролиран пожар.

„Согласно обезбедените докази, лицата вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот, со што создале диви депонии кои биле констатирани при настанат пожар на дел од локацијата. Со ваквите незаконити дејствија, обвинетите влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето“,соопштија на 11 септември од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Голем пожар на дивата депонија избувна и на 31 август, а непријатната миризба со денови се чувствуваше речиси низ цело Скопје, а особено во општините Гази Баба и Аеродром.

Пожарите што летово гореа на Вардариште беа повод жители на општината Аеродром да почнат речиси секојдневни блокади на мостот „Близнаци“, барајќи од надлежните да го решат проблемот со дивата депонија.

Поврзани вести