Костадин Ацевски кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, објави видео во кое го повикува својот политички противник, актуелниот градоначалник, Александар Стојкоски да објасни како од депонија „Ново Село“, усепал да направи Мега- парк, во кој како што тврди Ацевски дрвата се сушат и паѓаат.
„Аце, каде е ѓубрето?
Градоначалникот да објасни како депонија голема колку 11 фудбалски игралишта е исчистена со само 160м3 отпад депониран во Дрисла. Ако Стојкоски приложи доказ дека повеќе од 160м3 отпад е депониран во Дрисла, јас ќе се откажам од трката за градоначалник.“



