(Видео) ХАОС пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, претседателот на ОК наредува апсење на лице од позиција на началник на шумска полиција!

Хаос се случувал денеска пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Виница.

Граѓани, револтирани од претходниот напад на советникот од ромската партија, дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, сакаат да зборуваат со претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Виница.

Претседателот на ОК се јавува на телефон, се претставува како началник на шумска полиција и дава наредба да се приведе лицето кое мирно бара да разговара и нагласува дека не сака да се тепа. Инаку лицето е братучед на претепаниот кандидат за советник.

На видеото се слуша дека полицајците кои излегле на терен констатираат дека нема основ лицето да се приведе.

Пронајдете не на следниве мрежи: