недела, 29 ноември 2026
Најново

Ѓорѓиевски најави трансформација на Дрисла во модерен европски центар за отпад

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на панел-дискусија посветена на решенијата за депонијата „Дрисла“ и управувањето со отпадот во главниот град.Ѓорѓиевски истакна дека на „лошото управување со отпад му доаѓа крај“, најавувајќи јасен и одржлив план за целосна трансформација на депонијата.„Ќе ја претвориме ‘Дрисла’ во европски центар за третман на отпад, целосно усогласен со европските директиви. Скопје заслужува современ систем за селекција, рециклирање и енергетско искористување со фокус на заштита на животната средина и подобар квалитет на живот,“ изјави Ѓорѓиевски.Во неговата програма се предвидени неколку крупни проекти кои, како што рече, ќе ја променат сликата за управувањето со отпад во Скопје:Систем за одвоено собирање отпад, кој ќе овозможи подобар квалитет на рециклирани материјали и пониски оперативни трошоци; Постројка за дробење на градежен отпад, со што ќе се создаваат секундарни суровини што повторно ќе се користат во градежништвото; Систем за депониски гас за производство на електрична и топлинска енергија и намалување на климатското влијание; Третман на специјален отпад – електронски, медицински и индустриски, согласно највисоките европски стандарди; Прочистителна станица за отпадни води, со дигитализирано следење и автоматизирана контрола.Како иновативни решенија, Ѓорѓиевски најави воведување на картомати за рециклажа, каде граѓаните ќе можат да добијат гратис карти за културни настани, и 24/7 дигитален надзор за автоматизирано управување со депонијата.„Нашата цел е јасна – чист, зелен и модерен град по европски стандарди. Време е Скопје да стане пример, не за депонии, туку за европски решенија,“ порача Ѓорѓиевски.

Поврзани вести