Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина успешно ги распоредила ракетите „Нептун“ и дека ќе дојде време кога редовно ќе ги користи своите балистички ракети.
Зборувајќи на Меѓународниот форум за одбранбена индустрија, Зеленски рече дека еден од приоритетите е да се максимизира производството на пресретнувачки беспилотни летала за соборување на беспилотните летала „Шахед“, објави украинскиот УНИАН.
„Во моментов, постои одреден дефицит, но работиме на тоа. Истото важи и за развојот на украинските балистички способности. Успешно ги распоредивме нашите крстосувачки ракети „Нептун“ неколку пати. Ќе дојде време кога редовно ќе ги користиме и нашите сопствени балистички ракети“, рече Зеленски.



