недела, 29 ноември 2026
Најново

Нобеловиот комитет не може да контактира добитник на наградата бидејќи е на планинарење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нобеловиот комитет за медицина не можеше да стапи во контакт со еден од овогодинешните добитници, американскиот имунолог Фред Рамсдел, кој не беше достапен во времето на печатење, додека планинарел во Ајдахо.

Рамсдел, заедно со Мери Брунков од Сиетл и Шимон Сакагучи од Универзитетот во Осака, ја доби Нобеловата награда за медицина за 2025 година за откритија поврзани со функционирањето на имунолошкиот систем, особено регулаторните Т-клетки кои го спречуваат телото да ги напаѓа сопствените ткива, пишува Гардијан.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Се обидувам да го контактирам, но мислам дека планинари во оддалечен дел од Ајдахо“, рече колегата и пријател Џефри Блустоун.

Нобеловиот комитет, исто така, имаше тешкотии во воспоставувањето контакт со Брунков, бидејќи двајцата се од западниот брег на САД, девет часа разлика со Стокхолм, но сепак успеаја да ја контактираат подоцна.

Генералниот секретар на Нобеловиот комитет, Томас Перлман, рече дека напорите да се извести Рамсдел за наградата сè уште се во тек.

Рамсдел (64), виш советник во „Сонома Биотерапевтикс“, и Брунков (63), виш истражувач во Институтот за системска биологија во Сиетл, заеднички идентификуваа клучен механизам што ја регулира имунолошката толеранција во 2001 година, надоградувајќи се на откритието на Сакагучи од 1995 година.

„Нивните откритија поставија темели за ново поле на истражување и го поттикнаа развојот на нови третмани, вклучително и третман на рак и автоимуни болести“, се вели во соопштението.

Добитниците ќе ја поделат наградата во износ од околу 1,2 милиони долари и ќе добијат златен медал, кој ќе им го врачи шведскиот крал Карл XVI Густав.

Нобеловиот комитет се соочил со слични ситуации и претходно – во 2020 година, лауреатите за економија Боб Вилсон и Пол Милгром исто така не одговорија веднаш на повиците од Стокхолм.

Ова се добитниците на Нобелова награда за медицина

Поврзани вести