недела, 29 ноември 2026
Најново

Кофер ко кофер, празен: По проверката потврдено дека сомнителниот куфер пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ е празен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот „ВМРО“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видео надзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен и не претставува закана по безбедноста, се наведува во полициското соопштение.

Поврзани вести