Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, ја потврди претходната испорака на 1.000 борбени дронови „Скајдагер“, што е дел од договорот потпишан со турската компанија „Бајкар“ минатата година.„Контејнери со илјадници борбени беспилотни летала камикази „Скајдагер“ денес пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Приштина „Адем Јашари““, рече Курти, додавајќи дека десетици војници на КБС се обучени за нивна употреба.
Ужаснут сам понашањем Турске и бруталним кршењем Повеље УН и Резолуције Савета безбедности УН 1244, као и наставком наоружавања приштинских власти. Сада је потпуно јасно да Турска не жели стабилност Западног Балкана и да поново сања обнову Отоманске империје. Србија је мала…— Александар Вучић (@predsednikrs) October 8, 2025
Тој исто така изјави дека дроновите требало да пристигнат во јануари следната година, но ги добиле три месеци порано. Тој објасни дека камиказе дроновите, познати и како RTF (Ready to Fly) Skydagger FpV, се борбени дронови опремени со експлозивни направи за погодување на подвижни и статични непријателски цели.„Со купување на овој контингент беспилотни летала, покрај авионите TB2 Bayraktar и Puma, продолжуваме да ја зголемуваме и подобруваме ударната моќ на нашата армија со цел да изградиме способна и кохерентна сила со нови технолошки достигнувања и модерни тактики на војување“, рече Курти.Сепак, ова очигледно не му се допадна на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го коментираше ова со многу остри пораки.„Ужасен сум од однесувањето на Турција и бруталното кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и од продолжувањето на вооружувањето на властите во Приштина. Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката“, рече Вучиќ преку социјалните мрежи.



