(Видео) Доктор Шаини пуштен на домашно лекување

Носителот на советничката листа на ДУИ во Липково, докторот Зекирија Шаини, денес беше пуштен од болница, објави ТВ21.

Доктор Шаини, според соопштението од МВР, беше повреден во оружен инцидент што се случи на 7 октомври во 13:54 часот на крстосница од улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во центарот на Куманово, кога две лица во движење, од огнено оружје пукале во патничкото возило „фолксваген голф “, кое тој го управувал. Тој прво беше пренесен во Кумановската општа болница на медицински иследувања, по што беше префлен на скопските клиники.

Пронајдете не на следниве мрежи: