Вечерва во угостителскиот објект Дукат во Скопје избила голема тепачка, објави порталот 4news.mk.
На местото веднаш интервенирала голема полициска единица, а засега нема информации за повредени лица.
Повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта, додека полицијата ја истражува причината за инцидентот и ги идентификува учесниците.



