Разрешен директорот на Клиниката за неврологија

Директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски е разрешен откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја и разговара со друго лице.
Во информацијата од Министерството за здравство се најавува дека во најкраток рок ќе биде назначен нов директор.
Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено, стои во информацијата.
Кузмановски е кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Назначен е во август годинава. Од ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа одлуката за разрешување на Кузмановски.

Пронајдете не на следниве мрежи: