сабота, 28 ноември 2026
Најново

ДИК ќе го извести Обвинителството откако починато лице се најде на советничка листа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Државната изборна комисија соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално движење на Турците, било предложено починато лице. Тие ја поништија потврдената листа предложена од политичкиот субјект.

-На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата – изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основ, да покрене соодветни постапки.

-ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно нивните законски надлежности – посочи Кондарко.

Поврзани вести