Локални избори 2025: Отворени се 3.474 избирачки места, право на глас имаат 1.832.415 граѓани

Во 7 часот утрово почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на Македонија.

Од Државната изборна комисија потврдија дека избирачките места се отворени.

Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.

На локалните избори има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети, со вкупно 10.490 кандидати.

Вчера, ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болните и немоќните лица и лицата во старските домови.

ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе ги објави на прес-конференција во 9.30 часот.

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа по завршувањето на гласањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: