За време на денешниот прв круг од локалните избори, граѓаните ќе можат да пријават било каква повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-54321, која за таа намена е отворена во канцеларијата на Народниот правобранител.
Телефонскиот број ќе функционира во перидот до 7 до 19 часот, односно од отворањето на избирачките места, па се завршувањето на гласањето.
Покрај телефонски, граѓаните ќе можат да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Куманово, Кичево, Струмица, Тетово и Штип.
За заштита на своите гласачки права, граѓаните, исто така, ќе можат да се јават и на следните телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.
Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите надлежни институции.
Од канцеларијата на Омбудсманот посочуваат дека избирачкото право е загарантирано со Уставот, како еднакво, општо и непосредно.



