сабота, 28 ноември 2026
Најново

Тошковски: Вчера беа евидентирани четири инциденти со можни прекршоци, се преземаат соодветни истражни дејствија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово го оствари своето право на глас во основното училиште „Песталок“ во Скопјe, прогласувајќи дека гласањето на локалните избори започна на сите избирачки места низ целата земја.Министерот нагласи дека над 90 проценти од капацитетите на Министерството за внатрешни работи се ангажирани во обезбедувањето на изборниот процес, со зголемено присуство на терен, особено околу „жариштата“ каде што се очекува поголема фреквенција на граѓани.Во врска со изборниот молк, Тошковски нагласи дека вчера се евидентирани четири настани со можни прекршувања, за кои се преземаат соодветни истражни дејствија.

Поврзани вести