ДИК: До 11 часот и 15 минути гласале 9,38 проценти од избирачите

Во втората прес – конференција на Државната комсија за Локалните избори 2025, претставниците на ДИК, известија дека до 11 часот и 15 минути излезеноста е 9,38 проценти.

До овој момент најголема излезеност има: Берово 13,51 процент; Богданци 14,55 проценти, Вевчани 16,02 проценти; Гевгелија 12, 81 процент; Градско 15,27 проценти; Дебарца 13,87 проценти, Демир Капија 15,52 проценти; Демир Хисар 12,8 проценти; Делчево 12,45 проценти; Дојран 15,76 проценти; Новаци 19,13 проценти; Пробиштип 17, 64 проценти; Крива Паланка 16,85 проценти; Чашка 22,6 проценти…

Најмала излезеност има во: Сопиште 3,93 проценти; Центар Жупа 4,89 проценти; Боговиње 4,48 проценти и Врапчиште 2,54 проценти.

Гласањето се одвива мирно и со нормален тек.

Пронајдете не на следниве мрежи: