сабота, 28 ноември 2026
Најново

Илиевска: Тргнав сама против сите – се покажа дека партијата е тешко да се победи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Независната кандидатка за градоначалник на Битола, Габриела Илиевска, се огласи по завршувањето на првиот изборен круг, истакнувајќи дека и покрај личната и граѓанска храброст, политичките партии сè уште имаат силна предност во изборните процеси.

„Тргнав сама против сите се покажа дека партијата е тешко да се победи.“, порача Илиевска преку социјалните мрежи

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Таа додаде дека „Поинаку“, иницијативата што ја претставува, е вистинскиот победник на овие избори, алудирајќи на растечката поддршка за независните и граѓанските опции во локалната политика.

Илиевска важи за еден од најпрепознатливите независни гласови во Битола и пошироко, а нејзината кампања се водеше под мотото за поинакво, транспарентно и одговорно управување со општината.

Поврзани вести