сабота, 28 ноември 2026
Најново

,,Фалат само 25 гласа” – Изборите во Гостивар може да се повторат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Недостасуваат околу 25 гласа за да се постигне цензусот за Општина Гостивар. Излезноста на гласачите според податоците од Државната изборна комисија е 31,31%, додека според Изборниот законик, за да се постигне условот, мора да излезе една третина од избирачкиот список, односно над 33,33%.Сепак, во текот на денот, официјалните записници ќе пристигнат во ДИК, преку кои се очекува да бидат потврдени конечните резултати од избирачките места. Записникот може да го промени резултатот доколку податоците испратени преку СМС-порака не биле целосно точни. Доколку се постигне цензусот, тогаш кандидатот на АКИ, Валбон Лимани, ја добива трката во првиот круг со 61,39% од гласовите.Цензус официјално не е достигнат во Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа, каде што изборите ќе треба да се распишат од почеток и целата изборна постапка да се повтори.

Поврзани вести