сабота, 28 ноември 2026
Најново

Само едма жена е избрана за градоначалник во првиот округ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Само една жена беше избрана за градоначалник во првиот круг од локалните избори во 2025 година – Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води Општина Кисела Вода.Покрај неа, во вториот круг се пласираа уште три кандидатки: Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) во Неготино, Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) во Демир Капи и Соња Стаменкова (СДСМ) во Македонска Каменица. На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалник, од кои само 32 беа жени, што е 10,35 проценти од вкупниот број.Во Прилеп имаше повеќе кандидати – тројца – додека по двајца се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.

Поврзани вести