сабота, 28 ноември 2026
Најново

Синдикалната минимална кошница за октомври е зголемена за 467 денари во однос на септември

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари.Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалаци, кои во октомври изнесуваат 23.772 денари, што е зголемување од 378 денари во однос на септември.Доколку во пресметката се вклучи и изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на кошницата изнесува 80.919 денари.

Поврзани вести