(Фото) Се за албански гласови во Куманово: Коректорот се сретна со грешката

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој најави излегување од Владата ако продолжат помижувањата од Изет Меџити кон Македонците денес се сретна со Меџити.

🤝 Подадена рака!

📌 Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, Организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски.
Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово..

🙏 Благодарам на сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.

♥️ Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши Кумановчани.

Пронајдете не на следниве мрежи: