*Објава на Фејсбук на кандидатот за градоначалник на Брвеница, Јовица Илиевски
Драги мои сограѓани,
Овие избори не се за поделби, туку за иднината на нашата општина Брвеница.
Жал ми е што се обидуваат да го поделат народот по етничка, национална или верска основа.
Тоа не е патот што води напред, тоа е патот назад.
Ние, во изминатите години, покажавме дека успехот се гради со работа, чесност и заедништво.
Реконструиравме училишта, изградивме детски игралишта и спортски терени, асфалтиравме улици, ги проширивме водоводните и канализационите мрежи.
Тоа се проекти кои не прават разлика меѓу луѓето, тие служат на сите.
Во општина Брвеница живеат Македонци и Албанци, но пред сè живеат луѓе што сакаат подобра иднина.
И таа иднина ќе ја изградиме заедно.
На оние што повикуваат на поделби им порачувам:
Општина Брвеница нема да се дели, општина Брвеница ќе се развива!
Народот не сака поделби, народот сака работа и резултати!
Да ја чуваме нашата општина обединета, да ја градиме со љубов и со почит.
Општина Брвеница е дом на сите нас, и така ќе остане!



