петок, 27 ноември 2026
Најново

Лишени од слобода тетовци кои нападнале полициски службеници, па им пронашле марихуана

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лишени од слобода две лица во Тетово кои физички нападнале полициски службеници. Кај едниот е пронајдена и марихуана.

Како што информираат од МВР, ноќеска (24.10.2025) во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што е пронајдена марихуана.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Поврзани вести