Во мандат од четири години, Левица ќе реализира сеопфатен проект за модерен, еколошки и ефикасен јавен превоз во главниот град! – се вели во соопштението на Левица – Град Скопје.
Комбинираниот систем ќе ги поврзе сите делови на градот преку:
Железничка мрежа (Север-Југ) урбанизирана и интегрирана железничка линија од Драчево до Скопје Север, како линија која ќе ги спојува северот и југот на Скопје со најфреквентните централни зони;
Елевирана железница (Исток-Запад) како брза и удобна оска низ центарот на градот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров со што сообраќајот на оваа оска би се ослободил комплетно од потребата за автобуси;
Циркуларни електрични автобуси кои ќе обезбедат покриеност на периферијата на Скопје и поврзаност со железничките станици и елевираната железница.
Чист воздух, побрз превоз, Скопје град со визија за иднината. – посочуваат од Левица.



