петок, 27 ноември 2026
Најново

Влен со нов удар за Мицкоски: Не повика да се гласа за ВМРО туку по сопствено убедување!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По изјавата на тетовскиот градоначалник Билал Касами, кој побара нивното членство да гласа за кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, во Кичево од Влен велат нивните поддржувачи да гласаат по сопствено убедување.

„Како коалиција побаравме Дехари да се повлече од изборната трка. Тој не го направи тоа, па секоја јавна поддршка е невозможна. Кичевци сами треба да ја донесат одлуката“, стои во нивното соопштение.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тие додаваат дека никој нема „гласови во џеб“ и оти одговорноста е на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој не го повлекол кандидатот. „Јавниот морал не се преговара“, потенцираат од „Влен“.

Поврзани вести