петок, 27 ноември 2026
Најново

Топчиња со сусам: Предјадење без кое не може да се замисли празничната трпеза!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Празничните предјадења се вистински предизвик за секоја домаќинка бидејќи нудат безброј можности за креативност. Особено се популарни топчињата што можат да се направат на разни начини од сирење, крекери, месо или зеленчук. Без разлика која комбинација ќе ја изберете, овие мали залачиња се омилени кај сите и секогаш се првите што исчезнуваат од трпезата.Ако сакате нешто вкусно и поинакво, пробајте топчиња од сирење и туна завиткани во сусам. Лесни се за подготовка, а изгледаат и мирисаат совршено.Состојки:туна250 г свежо сирење100 г печен сусам60 г мајонеззачини по желбаПодготовка:Исцедете ја туната од маслото и згмечете го сирењето со вилушка. Измешајте. Додадете мајонез и зачини и формирајте топчиња. Извалкајте ги во препечени сусамови семки и пред сервирање, чувајте ги во фрижидер еден час за да се стврднат.

Поврзани вести