ДИК треба да ги објави конечните резултати од првиот круг

Државната изборна комисија денеска се очекува да ги објави целосните конечни резултати од гласањето од првиот круг на локалните избори.
Првиот круг се одржа на 19 октомври, а оваа недела, на 2 ноември треба да се одржи вториот круг во оние општини каде не беа избрани градоначалници.
Втор круг ќе има и за Град Скопје каде во трката за градоначалник влегуваат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и кандидатот на Левица Амар Мециновиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: